Мајкл О’Рајли ја доби казната и нема да учествува на ОИ во РИО

Majkl O rajli

Ирскиот боксер Мајкл О’Рајли ја доби казната поради позитивен допинг примерок и нема да учествува на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, објавија од Националниот олимписки комитет на земјата.

О’Рајли, кој требаше да учествува во категоријата до 75 кг, е информиран на 4 август дека дал позитивен допинг примерок при изненанден допинг тест. 23-годишниот боксер, шампион во средна категорија на Европските игри во 2015 година и бронзен медал од Светското првенство во Катар, четири месеци подоцна беше вбројуван како еден од кандидатите за медали во Рио.

Сега е дисквалификуван поради позитивен допинг тест и наскоро ќе се врати во својата татковина.

О’Рајли се извини на своите соиграчи и на целата нација. Мексиканецот Мисах Родригез се пласира во четвртфиналето без броба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО