Мани Пакијао е навреден, ја откажа борбата во април

Мани Пакијао требаше да се бори на 14 април во Лас Вегас против поранешниот светски првак во полувелтер категорија Мајк Алварадо.

Борбата требаше да биде вовед во главната битка на настанот на Топ ранг меѓу Теренс Крафорд и шампионот на ВБО Џеф Хора. И двете борби требаше да бидат дел од плати-па-гледај на ЕСПН.

39-годишниот Филипинец не се бореле од јули минатата година кога со контроверзна одлука на судиите токму против Хорн ја загуби титулата на ВБО во велтер категорија.

Гласини за откажувањето на Пакијао почнаа да кружат на почетокот на неделава кога се појавија информации дека се уште не го започнал тренинг кампот и дека воопшто не е во контакт со долгогодишниот тренер Фреди Роуч.

Пакијао ја одбил борбата бидејќи се чувствувал навреден, затоа што неговата средба не е главна борба на вечерта, особено затоа што верува дека тој требало да биде прогласен за победник во борбата против Хорн.

„Не, не се бори со Алварадо. Ја одби да понудата на Боб Арум да се бори на воведна борба на мечот Крафорд-Хорн“, изјави портпаролот на Пакијао Аквилес Зони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО