Мани Пакијао донираше 50 илјади тестови за коронавирусот на Филипни

Сенаторот од Филипини и светски шампион во бокс, Мани Пакијао, објави дека донира 50.000 тестови на коронавирус.

„Задоволство ни е да објавиме дека Фондацијата Џак Ма и Фондацијата Мани Пакијао обезбедуваат 50.000 тестови за коронавирус на Филипините. Нема подобро време да ги здружиме силите за да си помогнеме едни на други“, напиша Пакијао на Твитер.

Милијардерот Џак Ма е сопственик на технолошкиот гигант Алибаба. Покрај тоа, Пакијао веќе донираше 700.000 маски. Во моментов има 217 случаи на заразени со коронавирус во Филипини, од кои 17 починати, а 8 се оздравени.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО