Хабиб Нурмагомедов тренира во изолација во АКА

Главниот тренер на АКА, Хавиер Мендез, откри дека Хабиб Нурмагомедов е единствената личност која моментално може да тренира во салата. Мендез изјави дека неговата сала е затворена за сите борци заради коронавирусот, а Хабиб тренира сам за да биде здрав за претстојната битка. Во моментов се уште нема локација за битката, бидејќи во Њујорк ја откажаа.

Се разгледуваат секакви опции надвор од САД, а Дана Вајт вели дека постојано е на телефон за да ги среди работите меѓу Хабиб и Тони Фергусон. Не е јасно што ќе се случи, но Мендез вели дека Хабиб продолжува да тренира и ќе го прави тоа сè додека не му се каже да престане.

„Само Хабиб тренира во салата. Никој не може да влезе. Никој не доаѓа. Само Хабиб треба да го одржуваме здрав. Хабиб очекува да се бори со некого, ако нешто се случи со Тони. Очекува да се бори со некого. Еден од најдобрите борци. Не е важно кој ќе биде. Хабиб чека борба.

Не велам дека Тони може да се откаже, но ако се откаже, Хабиб е подготвен за сите. Сепак, Хабиб го сака Тони затоа што смета дека е најдобрата опција за него. Хабиб е наострен за борба и ќе продолжи да тренира. Тој ќе продолжи да тренира здрвао, додека од УФЦ не му каже дека треба да престане.

Знам дека Дана ќе даде се од себе, но не сум сигурена дека ќе се справат со тоа. Не знам што ќе се случи, затоа што Вајт не може да ги контролира владите. Никој нема да плати ако луѓето не работат. Сите сме подготвени за борба“, рече Хавиер Мендез.

https://www.instagram.com/p/B96ypqcHB05/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/B978XL-Fa8H/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО