Мало невнимание Иван Викиќ го чини голема победа (ФОТО)

Иван Вичиќ има за што да жали по синоќешната борба со Турчинот Угур Езкаплан на Супериор ФЦ во Лудвигсхафен, Германија.

„Влегов без каковбило страв. Успеав да го соборам големиот џин. Ја водев борбата три минути, удирав. Трите минути беа мои. Ама, една секунда невнимание и работата се сврте во негова корист. Но, се уште главата е на рамењтата и одиме понатаму. Ова се слободни борби“, напиша по борбата на својот ФБ профил Викиќ.

Иван за Ipon.mk вели дека цело време го имал, но бидејќи примав инјекции во коленото не смеев да трчам, така што тоа му се одразило со грчеви во нозете, а кондицијата му откажала.

Борачот на Спартак од Кочани се бореше со турскиот двометраш Угур Езкаплан (215 см) кој за 20-тина килограми беше потежок од него.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО