Малихин се закани дека ќе го здроби Нгану

Претендентот за два шампионски појаси на ОНЕ, Анатоли Малихин, го кажа своето мислење за евентуалното доаѓање на француско-камерунскиот ММА борец Френсис Нгану во промоциите на ОНЕ.

„Конечно, Нгану разбра каде се најдобрите натпревари, поточно во нашиот шампионат ОНЕ. Го чекам, но нему му претстои тешка вечер ако потпише со ОНЕ. Јас ќе бидам првиот што ќе го запознаам и ветувам дека долго ќе ја паметите оваа битка. Јас сум подобар од него во секој поглед“, изјави Малихин за Мач ТВ.

Малихин има скор од 12-0 во ММА, а препознатлив е по зрелата борба.

Последен пат Френсис Нгану се појави во октагонот во јануари минатата година кога го победи францускиот претставник Сирил Гане. Во јануари 2023 г. Нгану го напушта УФЦ, со што ја ослободува титулата во тешка категорија.

Претходно тој изјави дека моментално размислува за разни промоции каде би можел да ја продолжи кариерата, меѓу кои и ОНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО