Макс Холовеј влегува во херојски во битката, за да го направи она што не му успеа на Мек Грегор

Макс Холовеј херојски влезе на УФЦ 223, за да ја спаси главната борба, заменувајќи го повредениот Тони Фергусон против Хабиб Нурмагомедов неколку дена пред мечот кој е на 7 април.

И додека Блесед воопшто не се двоумеше дали да прифати битката против ѕвер како Хабиб, неговиот тим не бил толку категоричен. Тие сакале средбата да биде во полусредна категорија, поради многуте килограми што Макс морал да ги симне.

„Макс воопшто не се двоумеше. Веднаш рече: „Да го направиме тоа, така се раѓаат легендите“. Токму тоа ми го кажа“, рече менаџерот на борец, Брајан Батлер-Ау.

„Го познавам Maкс и не мислам дека тој сака да се тргне од перо категорија. Мислам дека ќе го направи она што другиот шампион не успеа да го направи. Знам дека наскоро му претстои одбрана на неговата титула, но сум убеден дека тој ќе ја одбрани уште два или три пати пред да направи што и да е во нагорна линија. Знам дека ќе сака да направи нешто што не е направено до сега“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО