Хабиб му се закани на Холовеј: Те чека долга ноќ!

Хабиб Нурмагомедов доби нов противник за борбата во УФЦ 223 на само неколку дена пред настанот. Макс Холовеј го замени повредениот Тони Фергусон.

Нурмагомедов му испрати сериозен предизвик на Хаваецот.

„Тој се бореше со Алдо, двапати со  Петис, Ламас, Џереми Стефенс. Никој од нив не ја искористи борбата во своја полза. Му ја гледав серијата од 12 последователни победи – никој не се бори како што се борам јас. Сега тој ќе е на странска тло, друга категроија, друго животно, сè е поинаку. Ќе се соочи со противник кој е млад колку него. Тој се борел пред мене со Алдо и Петис – тие веќе се готови. Сега против него има млад и гладен противник, поголем од него. Помоќен од него. Имам подобра борба, непоразен сум. Мислам дека го чека долга ноќ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО