ИБФ со изненадувачки меч за предизвикувач во тешка категоирја Кубрат Пулев – Дилиен Вајт

Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) изненадувачки закажа меч меѓу Кубрат Пулев и Британецот Дилиен Вајт. Веста беше објавена од менаџерот на Ентони Џошуа Еди Хенер на Твитер.

„Јас само добив писмо од ИБФ за закажан меч меѓу Дилиен Вајт и Кубрат Пулев.

Интересни времиња за тешката категорија“, пишува Херн.

До овој момент се знаеше дека Кубрат Пулев треба да се бори со Американецот Доминик Бризил во средбата кој ќе го утврди задолжителниот предизвикувач за појасот на ИБФ на Џошуа.

Имаше дури и два датуми, на 26 мај или 2 јуни.

Кубрат Пулев веќе беше официјален предизвикувач за појасите на Џошуа пред половина година, кога заработи повреда и нивната средба во Кардиф пропадна.

Вајт последен пат с ебореше на 24 март, кога забележа исклучително импресивна победа, брутално нокаутирајќи го опасниот австралиски боксер Лукас Браун (25-1, 22 КО) во 6-тата рунда во „О2 арена“ во Лондон и со што ја одбрани „сребрената“ титула на Светскиот боксерски совет (ВБЦ) во тешка категорија.

https://www.facebook.com/sportal.bg/videos/10160118810225573/

Очекувањата, а тоа беше желба и на Вајт, да се бори со Дионтеј Вајлдер.

https://youtu.be/Xl_gwGyeW2E

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО