Макс Холовеј се повлече од борбата со Јаир Родригез

Поранешниот шампион во перо категорија Макс Холовеј се повлече од борбата со Јаир Родригез. Тие требаше да бидат предводници на УФЦ на ЕСПН 26 што ќе се одржи на 17 јули. За жал, мечот нема да се одржи на овој датум и УФЦ ќе го премести на друга гала вечер.

Во следните неколку дена ќе биде позната новата средба која ќе биде главна за настанот. Генерално, нема многу sвезди за борба на оваа гала вечер и откажувањето од мечот е сериозен удар. На почетокот на годината, Макс имаше битка.

Тој доминираше над Калвин Кејтер и го победи по 25 минути брутална доминација. Макс со оваа победа ја прекина серијата од два последователни порази од Александар Волкановски, кој е шампион во дивизијата.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО