Моника Пендаровска и Петар Забосрки од Карате клубот Макептрол успешно ја поминаа генралната проба пред Европското првенство на регионите што ќе се одржи од 5 до 7 јуни во Париз. Тие на Меѓународниот турнир во Софија-Бугарија „Никон опен 2015“ ги освоија првите места во своите категории, Петар до 76 килограми и Моника до 53 кг во јуниорска конкуренција.
Каратистите на Макпетрол освоиј вкупно седум медали, 3 златни 2, сребрени и 2 бронзени медали. На турнирот имаше спортисти од 10 држави со преку 500 каратисти.
Двајцата медалисти од последното Европско првенство во Цирих, Моника Пендаровска (бронзен)и Петар Заборски (срберен), оставија најдобар впечаток, но и женскиот тим во борби беше самоуверен и во неизвесни натпревари успеа да ги победи силните екипи на Турција и Грција.
За Европското регионално првенство, Заборски ќе ја засили екипата на Металург од Скопје, бидејќи тие ќе бидат македонски преставник во машка конкуренција, додека екипата на Макпетрол ќе се натпреварува во женска конкуренција.
Златни медали освоија:
1.Петар Заборски јуниор -76 кг
2.Моника Пендаровска јуниорка -53 кг
3.Екипата во женска конкуренција јуниорки, во состав:
– Моника Пендаровска
– Ангела Мојсовска
– Ева Блажевска
– Емилија Чешмадџиевска.
Сребрени медали за:
1.Игор Таневски Јуниор У 21 -67 кг
2.Ангела Мојсовска јуниорка +59.
Бронзени медали освоија:
1.Орхан Билали Јуниор У21 -84 кг
2.Емилија Чешмаџиевска кадетка -48 кг
ipon.mk/В.Д.