Судски процес на векот: Навивачите бараат 100 милиони долари отштета од Пакијао!

Mani vo akcija so mejveder

Во САД се зголемуваат судските постапки во врска со „мешот на столетието“ меќу Флојд Мејведер и Мани Пакија, кои преку своите адвокати почнаа судска постапка. Бројот на тужители се искачи на 32-ца, бидејќи на почетокот имаше само пет тужби.

Љубителите на боксот поплаките ги насочија кон Пакијао, затоа што не ја пријавил повредата на рамото, поради што се чувствуваат измамени. Филипинецот беше поразен на поени, а информацијата за повредата беше објавена неколку дена подоцна.

„Борбата не беше забавна, немаше интензитет, дури беше здодевна и вистинска утка”, вели еден од оние што се чувствуваат измамени.

Во својата тужба, љубителите на боксот му ги бараат сите пари што Пакијао ги добил за борбата, повеќе од 100 милиони долари кои би биле линеарно поделени.

Вакви случаи во САД имало и порано и тоа некои немаа никаква врска со спортот. На пример, во 90. години од минатиот век беше откриено дека членовите на групата Мили Ванили, всушност, не пееле на еден од концертите, туку само ги отворале устите, па судот донесе одлука фановите да бидат обесштетени. Исто така, отштета добија и присутните на контроверзниот меч на Мајк Тајсон со Ивандер Холифилд кога “Железниот Мајк” му го откина увото на својот противник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО