Макпетрол на „Гранд при Кроација“ прави генералка пред Европското карате првенство

 

Макпетрол ја отвора годината со настапот на 28-миот Меѓународен карате турнир „Гранд при Кроација“ во Самобор – Хрватска, од 11 до 13 јануари. Макпетрол ќе настапи со осум каратисти и тоа:

1.Петар Заборски – сениор, апсолутна категорија
2.Петар Спасеновски – постар јуниор У-21, категорија -84 кг
3.Анѓела Мојсовска – постара јуниорка У-21 категорија -68 кг
4.Моника Пендаровска – постара јуниорка У-21, категорија -55 кг
5.Идриз Абдурахим – јуниор -55 кг, У-21 -60 кг
6.Давуд Рамадановски – јуниор -68 кг
7.Глигор Петков – јуниор +76 кг
8.Стефан Стојановиќ – кадет – 67 кг.

Иако Идриз е јуниор, за прв пат ќе настапи и во У-21.

Ова е еден најреномиран европски турнир за младите натпреварувачки категории на кадети, јуниори и постари јуниори (У-21) се пријавени 1616 спортисти од 212 клубови и национални репрезентации од 24 држави и има имиња како светскиот вицешампион Сајад Ганзадех од Иран, светскиот првак  Иван Квесиќ – Хрватска, европскиот шампион Иван Клепиќ – Босна и Херцеговина.

Најдобрите во отворената категорија ќе си одат дома со 2000 евра, вторпласираниот со 500 евра и седумдневен летен одмор во апартманите Фунда на Шолта, трето со 500 евра, а четвртото место ќе чини 250 евра.

„За Самобор заминуваме веднаш по првите подготовки кои ги направивме во нашата база во Маврово, хотелот на Макпетрол. Добро сме подготвени и има добра атмосфера во клубот. Овој турнир е непосредно пред Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори (У-21) во Алборг, Данска, и затоа масовноста и квалитетот секоја година е на многу завидно ниво. Слободно може да се констатира дека ова е европско првенство пред официјалното првенство кое треба да се одржи во првата недела на месец февруари. Токму од таа причина и ние се одлучивме со нашите репрезентативци да заминеме на овој турнир и да ја направиме последната контрола пред ЕП. Се надевам дека ќе имаме добри пласмани и освоени медали“, истакна стратегот на Макептрол Бошко Заборски.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО