Каин Веласкез: Сакам да се борам со Џон Џонс

Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Каин Веласкез се враќа во февруари и ќе се бори против Френсис Нагану. Долго време беше надвор од кафезот, мислејќи дека тоа му е од корист. Ако Каин го победи Френсис, тоа значи дека може да добие шанса за титулата во тешка категорија, но дури и ако не ја добие, ќе има големи борби за него. Со години навивачите сакаа да го видат во кафез против помладиот шампион Џон Џонс, а и на Каин не му пречи тоа.

„Се надевам дека ќе се борам против Џон Џонс и ќе се обидам да ја добијам таа битка“.

Џонс има две победи над Даниел Кормиер, кој е тимски колега на Каин, а се пријатели со години. Неодамна, друг член на ДК тимот, Лук Рокхолд, сакаше борба со Џонс, но Веласкез е многу поинтересен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО