Македонското знаме гордо се вееше во Мајами-Флорида по успехот на каратистите на Милошевски

Изминатиов викенд 17-18 март во Мајами, Флорида, се одржа „Мајами опен“ кој веќе има традиција 18 години и важи за одлично организиран интернационален натпревар на америчкиот континент. На ова натпреварување Македонија традиционално беше претставувана од нашиот светски карате судија Дејан Милошевски, но овој пат и неговите ученици застанаа под македнското знаме. На ова натпреварување настапија вкупно 600 спортисти од 25 земји.

„Натпреварот беше одлично организиран во два дена на 6 татами, имаше доволно судии и условите беа навистина на највисоко ниво. Голема благодарност до г-дин Хесус Алберто Коста, кој беше главен домаќин и кој навистина го даде својот максимум да го направи ова натпреварување од светски карактер. Имаше навистина голема конкуренција и голем број на спортисти од 25 земји. Ме радува фактот што мојот женски тим (Сиена, Бони и Меган) освоија 3 бронзени медали и успеавме да си го развееме нашето македонско знаме. На крајот сакам да се заблагодарам за помошта на родителите кои се клучна карика на овој успех“, вели Дејан Милошевски.

Милошевски Мартиал Артс во континуитет прави резултати и докажува дека Македонија има со што да се гордее и на америчкиот континент.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО