Македонското карате изгуби уште еден доајен – Радун Јоксимовиќ-Јокса

Македонското карате денес изгуби уште еден доајен, член на ККВардар и ККВодно, Радун Јоксимовиќ-Јокса (1958-2023 г.).

Државен карате шампион во лесна категорија и легенда на македонското карате.

„Голем спортист, другар, татко. Господ да ти ги отвори портите на небесното царство, почивај во мир, сочуство до фамилијата“, напиша Жарко Костовски на Фејсбук.

Погребот е утре во Скопје, а телото ќе биде изложено во капелата од 12 до 13 часот.

Видео: Чедомир Саздовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО