Дана Вајт: Само Трамп-Путин е поголема борба од Маск-Цукерберг

Дaна Вајт откри дека имал разговори со италијанскиот министер за борбата на Илон Маск и Марк Цукерберг во Колосеумот.

Претседателот на УФЦ сака предложената борба меѓу двајцата милијардери да се одржи на најголемата можна сцена. И двајцата милијардери поминаа време на тренинзи со некои од најголемите имиња во ММА.

За време на неодамнешното појавување на Хотбокс со Мајк Тајсон Вајт изјави дека сака да ја организира борбата на најлудата локација на располагање.

„Сè е реално. Тие навистина сакаат да се борат, тоа е реално. Разговаравме за Колосеумот за оваа борба. Имав средба со тимот на министерот за култура во Италија.

Сакаме борбата да се одржи во Колосеум доколку се случи. Размислете колку е голема оваа битка.

Двајца од најголемите и најмоќните луѓе во ебаниот свет ќе се борат со тоа во најголемата арена. Секој би платил за да гледа. Кој не сака да ја види оваа борба? Секој би го гледал.

Тоа е борба што дури и вашата баба ќе сака да ја гледа. Доналд Трамп ќе мора да се бори со Владимир Путин за борбата да биде поголема од Маск-Цукерберг“, рече Вајт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fight UFC NEWS (@mmajabs)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО