Македонските кикбоксери викендов настапуваат на „Трофеј на Белград“

Од утре до недела македонските кик бокс тимови ќе настапат на ВАКО балканскиот куп „Трофеј на Белград 2025” кој ќе се одржи од 17 до 19 октомври во Белград, Србија.
Нашата земја ќе настапи со 54 натпреварувачи со 57 влезови од 10 македонски кик бокс клубови. Тимовите ќе ги предводи тренерската екипа составена од 23 тренери, а на овој куп ќе судат нашите меѓународни судии Неделковска и Наковски. На овој традиционален балкански кикбокс куп учество ќе земат 260 натпреварувачи во 278 влезови од 61 клуб од 4 држави.

Во склоп на балканскиот куп ќе се одржи и куп за деца и помлади кадети „Трофеј на белград 2025” на кој ќе настапат 4 наши млади спортисти од 1 македонски клуб. На купот учество ќе земат 23 младинци од 13 клубови од 4 држави.
„Секој куп е исклучителна можност за стекнување меѓународно искуство и подготовка на нашите кикбоксери за претстојното Светско сениорско првенство. Утре по мерењето ќе ги чекаме официјалните жребови. Им посакувам среќа и успех на сите учесници, а за медалите тековно ќе ве информираме” – изјави Дејан Митровски – Урко, претседател на Кик бокс маи таи ферација на Македонија



