Елитата на светското борење на карајот на оваа недела ќе се собере во Русе, Бугарија, по повод 55-тото издание на Меѓународниот турнир во борење во слободен и во грчко-римски стил „Дан Колов – Никола Петров“, кој ќе се одржи на 8 и 9 април.
Учество на турнирот, кој е еден од најавторитетните светски манифестации, за кој се вели дека е „мало светско првенство“ во календарот на Светската федерација ОБС/UWW, ќе земат 450 натпреварувачи од 41 земји, меѓу кои се и борачите од Македонија: Бобан Савев, Елмедин Сејфулау, Ријад Реџепи, Рамадан Мустафовски и Владимир Егоров, кои веќе се на подготовки во Софија.
Своето учество го пријавиле претставници на Русија, Азербејџан, САД, Казахстан, Грузија, Германија – земји кои го диктираат темпото во најстариот олимписки спорт, соопшти претседателот на Бугарската федерација во борење Валентин Јорданов.
Во саботата, 8 април, до 14 часот се елиминациите и репасажите во категориите 59, 71, 80 и 98 кг. (грчко-римски стил), 57, 65, 74, 97 кг. (слободен стил) и 48, 55, 60 и 69 кг (жени). Во 17,30 часот е официјалното отворање, по што ќе започнат завршните пресметки по категориите.
Претходно (16 часот) ќе биде промовирана книгата „Се е борба“ од Владимир Памуков за најголемиот бугарски бугарски спортист на сите времиња – олимпискиот, 7-кратниот светски и 7-кратниот европски шампион Валентин Јорданов.
На 9 април, од 9 до 14 часот се елиминациите и репасажите во категориите 66, 75, 85 и 130 кг во грчко-римски, 61, 70, 86, 125 кг во слободен стил и 53, 58, 63 и 75 кг кај жените. Финалето и свеченото прогласување се од 15:30 часот.