Македонскиот воин Даниел Стефановски (-81 кг) (3-0 СК) вечерва на почетокот на третата рунда со двојно летечко колено и неколу аперкати го нокаутираше Романецот Алекс Филип на Суперкомбат Ворлд гранд при елиминациите во Букурешт, Романија. Стефановски ја продолжи победничката серија во К-1 и воа прил ќе настапи настап во САД завршницата на СК.
Во првата рунда Стефановски се бореше претпазливо со затворен гард, а Алекс Филип напаѓаше жестоко, најчесто со лоу кикови кои потоа се надполнуваа со два-три удари. Посебно активен беше во последната минута, при што покажа дека располага со добра ножна техника.
Во втората тргнаа со истото темпо, со тоа што Стефановски се опушти и беше поиницијативен, а на 20 секунди пред крајот го прати противникот во нокдаун и на крајот направи уште една серија која го разниша ривалот.
Само што почна трета рунда Стефановски жестотко напaдна и пак го прати Алекс на подот со двојно летечко колено и неколку аперкати. Тоа беше крај на борбата.
По борбата Даниел Стефановски истакна дека го пошичитува противникот и дека можеби пак ќе се бори на Суперкомбат. Тој рече дека сигурно оди во САД и дека тоа е убава земја.
Ipon.mk/В.Д.