Ристо Димитров: Знаеше Росмален дека ќе одам на уривање… (ВИДЕО)

Ристо Димитров синоќа беше поразен од големата ѕвезда на кикбоскот Робин ван Росмален на ФФЦ 28 – Грција во ММА меч со прекин во првата рунда. Но, тој не разочара и храбро влезе во борбата и ако се земат во предвид условите во кои се подготвуваат предноста е на страната на Холанѓанецот.

Борбата не навестуваше таков развој на настаните, бидејќи Димитров форсираше борба со уривање, односно на партер. Имаше три неуспешни влеза во нозете, потоа се обиде да направи зафат за главата, но доби еден удар (кроше) кој се чинеше лесен, дури и лизагње. Проба да стане, но не можеше, па судијата ја прекина борбата.

Димитров форсираше уривање, но дали не избрза и не си ја издаде тактиката?! Можеби требаше да има и повќе движење?!

„Знаеше Роосмален дека ќе одам на уривање. Беше смирен и чекаше. Прв пат се спушти толку ниско, инаку се ќе беше во ред“, вели Димитров и додава дека не планирал да оди на удари оти е брз и можел веднаш да го стигне.

„Па, зато бев претпазлив. Сепак, не е кој било, туку најдобриот. Тој имаше вежбано против влезови и тоа многу. Сто пати му влегов силно и јако, ама беше подготвен“, тврди Ристо кој со о ва направи скор 1-2 во ФФЦ.

Димитров има за што да жали, затоа што доколку направеше сензација против Росмален ќе имаше уште поголеми можности и голема реклама во ММА светот. Тој не се откажува, затоа што во ФФЦ има скор 1-2, додека на Шердог листата е 2-2.

„Мојата борба беше главна на програмата, мислам дека тоа е најголем успех за еден наш борец да биде дел од борба со голема ѕвезда. Противникот покажа одлична техника, особено со рацете, добри и брзи. Ова е мој втор пораз во Фајнал фајт, иако од еден од најсилните можни противници во мојата категорија до 69 килограми, но нема да ме спречи да продолжам. Мислам дека стекнав драгоцени искуства и сега сум во можност да продолжам појако, посилно и уште сега сум нетрпелив кога следен пат ќе влезам во рингот“, истакна Чурино.

https://youtu.be/151m_50i3JQ

МMA:

Робин ван Росмален – Ристо Димитров (ТКО, Р1)
Дарко Стошиќ – Емил Захариев (ТКО, Р1)
Филип Пејиќ – Алексис Савидис (нерешено)
Стаматис Мороулис – Едгар Сантос (ТКО, Р2)
Андреас Михалидис – Борче Талевски (ТКО, Р1)
Јанис Михалопулос – Александрос Пападимитриу (едногласна одлука на судиите)

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО