Македонски ву шу, винг чун, кунг фу и санда борци ќе настапат на големиот турнир во Нови Бечеј

На 9 септември во Нови Бечеј, Србија, се организира ву шу, винг чунг и санда турнир за сениори, јуниори и кадети на кој ќе настапуваат натпреварувачи и од Македонија.

„Ву шу турнирот го организира Српската ву шу федерација, а ние ќе учествуваме со натпреварувачи од 5 клуба кои се членови на МКФВС федерацијата. Настанот е голем, бидејќи ќе има учесници од 20 земји и за прв пат на овие простори покрај санда мечеви ќе има и винг чун борби кои се по правилата на ЕВУФ“, изјави Горан Андонов од МКВС.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON