Херн: Преговараме за меч Џошуа – Пулев!

Менаџерот на Ентони Џошуа Еди Херн изјави дека преговара за меч меѓу Британецот и Кубрат Пулев.

„Следниот противник на Ентони Џошуа ќе биде Кубрат Пулев, откако Владимир Кличко шокантно се откажа од спортот“, напиша Индепендент.

Џошуа мора да се сретне со Бугаринот Кубрат Пулев, кој е задолжителен предизвикувач за светската титула на ИБФ. Промоторот Еди Херн потврди дека преговара за борба против Пулев и дека до крајот на месецот работите ќе бидат јасни за овој меч.

„Кога ИБФ го закажа реваншот на Ентони Џошуа против Владимир Кличко, имаше услов ако Ентони не се бори против Кличко, тогаш негов ривал ќе е Пулев, па веќе водиме разговори со Кале Зауерланд“, изјави Еди Херн за Скај спорт.

Најверојатно Џошуа и Пулев ќе се сретнат на 28 октомври во Кардиф, Велс.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО