АктуелноДомашна сценаТаеквондо

Македонската традиционална таеквондо федерација ги прогласи најдобрите за 2025 година

Синоќа Македонската традиционална таеквондо федерација (МТТФ) одржа свечена предновогодишна забава, на која традиционално беа доделени признанијата „Бест оф д’ бест“ за најуспешните натпреварувачи и клубови во федерацијата за 2025 година.

Наградите ги доделија претседателот на федерацијата, Марјанчо Лазаревски, и националниот селектор, Саша Поповски, при што беа прогласени следните добитници во поединечна конкуренција:

 

1.место – Владимир Димитриевиќ
2.место – Миа Танеска
3.место – Божидар Димитриевиќ

Ранг-листа по клубови:

1.Таеквон-до клуб „Хва ранг“ – ИТФ Лескоец, Охрид
2.Таеквон-до клуб „Фајт клуб мастер“ – Охрид
3.Таеквон-до клуб „Сонкал“ – Мислешово, Струга
4.Таеквон-до клуб „Ахилиус“ – Скопје
5.Таеквон-до клуб „Ге баек“ – Ресен
6.Таеквон-до клуб „Чон-Ји“ – Косел

Раководството на федерацијата им упати искрени честитки на сите овогодишни добитници на признанието „Бест оф д’ бест“, со желби за уште поголеми спортски успеси, добро здравје и нови достигнувања во 2026 година.

Со овој настан, Македонската традиционална Таеквондо Федерација официјално го најави своето учество на Европското првенство, кое ќе се одржи во април 2026 година во Крит, Грција.

Од МТТФ очекуваат продолжување на долгогодишната успешна традиција и освојување на нови медали, достоинствено претставувајќи ја Македонија на европската таеквондо сцена.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON