Македонската таеквондо репрезентација ги згази противниците на „Хереја опен“ во Софија

taekvondo-reprezentacija-hereja-open-2016-bugarija

Македонската таеквондо репрезентација на Меѓународниот турнир „Хереја опен 2016“ во Софија-Бугарија, освои 9 медали – 5 златни, 3 сребрени и 1 бронзен во сите А-класа, во во конкуренција на 900 натпреварувачи од 14 држави. Македонија во екипна конкуренција јуниори е втора, а во кадетска трета со три победи над Иранци.

 

nenad-mrckovski-hereja-open-2016

Ненад Мрчковски е прогласен за најдобар јуниорски борец на турнирот.

Златни медали освоија актуелните балкански шампиони Дејан Георгиевски и Филип Додевски, Ненад Мрчковски, Ана Марија Георгиевска, Стефанија Радевска и Ива Поповска.

Сребрата и припаднаа на: Марко Аврамовски, Мери Ацевска и Фросина Раевска.

Бронзи за: Александра Чакалиќ, Викторија Радомировска и Ива Сандева.

borce-kostovski-so-peharite-na-hereja-open-2016

Ова е добар вовед пред Светското јуниорско првенство во Канада за десетина дена.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО