Македонската кик бокс репрезентација со 25 натпреварувачи на Европскиот куп во Пловдив

Македонската кик бокс репрезентација со 25 натпреварувачи (27 натпреварувачи влезови) од 8 клуба од 20 до 23 февруари ќе настапи „Бугарија Европски куп“ во Пловдив, Бугарија, а ќе ја на предводи претседателот Дејан Митровски-Урко.

На Европскиот куп ќе настапат 1376 кикбоксери со 2165 натпреварувачки влезови од 29 држави.

„Европските и светските купови се јаки на ниво на официјалните европски и светски првенства и ни се важни за рејтинг за квалификации, а воедно и за контрола до колку се подготвени нашите борци. На овие купови нашите борци имаат шанси да се сретнат во рингот со светски и европски прваци од светот. Истите може да им се паднат и на жребовите и на официјалните европски и светски првенства. На овие  првенства, ние тренерите ги согледуваме аномалиите на противничките борци и градиме техника и тактика соодветна за совладување на конкурентните борци од другите земји, изјави Митровски.

Број на натпреварувачи по клубови:

1.Шампион – Скопје со 5 натпреварувачи
2.Тим Зоран – Струмица со 5 натпреварувачи
3.Енерџи – Битола со 5 натпреварувачи
4.Гладијатор – Скопје со 3 натпреварувачи
5.Лидер – Виница со 2 натпреварувачи
6.Работнички Адора – Скопје со 2 натпреварувачи
7.Самурај – Битола со 2 натпреварувачи
8.Предатор – Куманово со 1 натпреварувач

Како тренери на репрезентација одат:

1.Дејан Митровски Урко
2.Драган Атанасовски
3.Александар Димовски
4.Зоран Спасов
5.Дарко Гоцевски
6.Ненад Манојловски
7.Тони Бошевски
8.Јован Крстевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО