Македонската химна во чест на европскиот првак Бобан Илиоски (ВИДЕО)

Македонската химна во чест на европскиот првак Бобан Илиоски на задоволство на сите.

Вчера Илиоски во бората за златниот медал го совлада Христо Калајџиев од Бугарија со 3-0 на Европското кик бокс првенство за сениори во Анталија, Турција.

Тој во изјавата за Ипон.мк рече дека е многу среќен, но и дека не застанува тука оти на ред за освојување е светската титула идната година.

„Се чувствувам одлично и многу сум среќен за освојувањето на златото и титулата европски првак. Овде не застанувам“, изјави европскиот првак во кик бокс Бобан Илиоски по освојувањето на титулата за Ипон.мк и додаде:

„За десетина дена на 3 декември со моите тренери одиме на престижниот турнир Сенши на предходно договорената профи борба против Едуард Алексијан од Бугарија, а другата година одиме на освојување на светското злато“.

Илиоски од се срце ги поздрави и им се забалагодари на нашите навивачи, Македонци кои во голем број беа на трибините и го бодреа до освојувањето на титулата.

„Им благодарам на мојата фамилија, моите тренери, клупски другари и сите кои ми помагаа, поддржуваа и храбреа. Благодарност до Агенцијата млади и спорт начело со директорот Наумче Мојсовски и Македонскиот олимписки комитет, односно претседателот Даниел Димески, кој секогаш ни се ветер во грб и од голема помош на нас спортистите и лично на мене во постигнувањето на врвни резултати. Да живее Македонија“, порача Илиоски.

Резултати Европско првенство:

Лоу кик
-86 кг
Бобан Илиоски – Мартин Лоренц (Чешка) 3-0
Бобан Илиоски – Борна Манојловиќ (Хрватска) 3-0
Финале
Бобан Илиоски – Христо Калајџиев (Бугарија) 3-0

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО