Македонската џиу џица федерација синоќа во употреба ги пушти новите простории кои се наоѓаат во Феријалниот дом, однонсо во центарот на Скопје.
На пуштањето во употреба на новата канцеларија присуствуваа претседателот на Федерацијата Александар Ацевски кој и се заблагодари на помошта во опремувањето на Ѓоко Атанасов и Нони Стојановски, како и на Сашко Петровски и Кристијан Митовски.
Потоа ракодоството на Федерацијата одржа состанок на кој стана збор за прием на нов клуб и организацијата на Меѓународниот турнир „Скопје опен 2016“. Се очекува турнирот да биде на рамниште на минатогодишниот, иако оваа година нема да се одржи Јадранската лига.
Покрај другото, беше речено дека турнирот ќе се снима со дрон, што е можеби еднствено во Европа. Претходно ќе се одржи судиски семинар, а ќе дојде и надлежно лице од Балканската џиу џица во проверка на капацитетот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, за нашата Федерцаија да може да организира еден голем настан во 2018 година.
Ipon.mk/В.Д.