Македонската боксерска надеж Кристијан Стојковски вечерва има нов меч во САД

Вечерва талентираниот и надежен македонски боксер Кристијан Стојковски (15 год) вечерва повторно боксира во САД. Настанот Фајт ту јунитчемпионшип боксинг почнува во 22 часот по македонско време, а борбата на Кристијан е 15-та по ред.

Да потсетиме дека Стојковски на крајот на август го освои турнирот „Ризинг старс“во аматерски бокс во категорија до 66 килограми во Хилиард, Охајо, САД.

Стојковски на 27 август ја имаше финалната борба која ја доби експресно со ТКО за 30 секунди, која му е 10-та победа на овој турнир кој се одржува еднаш или два пати годишно под мотото „Разни ракавици наместо пиштоли – Турнир на ѕведите во подем“.

Инаку Кристијан со бокс се занимава две години, а тренира под раководсво на боксреката легенда и поранешен светски шампион во тешка категорија Џејмс Бастер Даглас.

Претходно неговиот боксерски талент го открива освојувачот на златниот медал од Олимписките игри во Лос Анџелес 1984 година Џеру Пејџ. Потоа го забележува Бастер Даглас и го зема под закрила.

Кога доаѓа во Македонија, за да ја одржува формата, тренира со тренерот Руждија Калач.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО