Хабиб: Махачев треба да го предизвика Дана Вајт

Хабиб Нурмагомедов му дал вредни совети на пријателот Ислам Махачев. Ислам за неколку часа по трет пат годинава ќе влезе во кафезот. Ќе се бори во лесна категорија со Ден Хукер на УФЦ 267 во Абу Даби. Нурмагомедов ќе биде во аголот на Махачев и ќе му дава вредни совети.

Многумина мислат дека Махачев ќе добие шанса за титулата доколку победи викендов. Махачев е во серија од 8 последователни победи и се најде во топ 5 во категоријата.

„Оваа сабота, кога Ислам Махачев ќе го заврши Ден Хукер, тој само треба да го предизвика Дена Вајт и целиот негов живот ќе се промени. Ова е мое мислење. Се сеќавате пред УФЦ да ми даде шанса за појасот?

Тогаш отидов многу блиску до Дана Вајт и му реков да не ми праќа повеќе глупави договори. Му реков дека ми требаат вистински битки. Ислам мора да го направи истото“, изјави Хабиб за медиумите пред борбата на Махачев.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО