СП: Арсим Етеми загуби со поделена одлука на судиите 2-3 од Кирјаков

Штета, Арсим Етеми (80 кг) со поделена одлука од 2-3 загуби од Андреј Кирјаков од Молдавија на Светското првенство во бокс во Белград-Србија.

Така нашио репрезентативец ќе имаше одлично деби, но судиите пресудија во корист на Молдавецот.

Во првата рунда Кирјаков цело време притискаше, но Арсим успешно се бранеше. Сепак неколку удари на Кирјаков беа поконкретни.

Молдавецот и во втората притискаше, но и Етеми напаѓше, ама и ја трошеше силата. Доби силен удар на крајот од рундата.

Во третата рунда нашиот боксер тргна поагресивно, но и внимаваше да не го закачи некоја контра на Андреј, која секогаш беше брза. Се забележуваше дека Арсим се троши па во ударите недостасуваше жестина. Дефинитивно, во трета покажа најмногу. Сепак, треба да забележиме дека Емети тактички одлично избоскира, а очигледно беше дека Молдавецот физички е поподготвен.

Ова беше добар меч на Етеми, штета е што не помина во третото коло, бидејќи во првото беше слободен.

Резултати – Светско првенство во бокс:

60 кг Јасин Лама – Фабио Росели (Сејшели) 5-0

Јасин Лама – Абдумалик Халоков (Узбекистан) 0-5

80 кг Арсим Етеми – во првото коло е слободен

Арсим Етеми – Андреј Киријаков (Молдавија) 2-3

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО