Македонија со тројца натпреварувачи на Светското таеквондо првенство

Македонија ќе настапи со тројца таеквондисти на Светското првенство за сениори кое се одржува во Гвадалахара, Мексико, од 13 до 20 ноември.

Нашата мала одбрана екипа ја предводи олимпискиот вицешампион од Токио Дејан Георгиевски, а во составот се Филип Додевски и Мила Рељиќ.

Во таборот на нашата репрезентација се оптимисти дека оваа одбрана тројка може да ја израдува македонската јавност со медал од најголемиот светски собир на таеквондистите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО