Кормиер го има Хабиб пред Мухамед Али на листата на најголеми борци на сите времиња

Поранешниот шампион на УФЦ, Даниел Кормиер, го рангираше Хабиб Нурмагомедов пред Мухамед Али на неговата листа на најголеми борци на сите времиња.

Нурмагомедов (29-0) важи за еден од најдоминантните ММА борци во историјата на УФЦ, откако се повлече како непоразен шампион во лесна категорија.

А легендарниот боксерски тешкаш Мухамед Али (56-5) се смета за еден од најуспешните и највлијателните спортисти на сите времиња поради неговото влијание внатре и надвор од рингот.

Во текот на својата кариера, американскиот боксерски гигант ги победи некои од најголемите ѕвезди од таа ера, Џо Фрејзиер, Сони Листон, Џорџ Форман… Се пензионираше по поразот од Тревор Бербик во декември 1981 година.

Сепак, Кормиер ги рангираше непоразените боксерски ѕвезди Флојд Мејведер и Хабиб Нурмагомедов пред Али, додека ѕвездите на УФЦ Жорж Сент Пјер и Аманда Нунеш се пласираа на четвртото и петтото место.

„Не мора да се согласувате со мене дека Мухамед Али е на третото место“, изјави Даниел Кормиер за време на гостувањето во Фрст тејк и продолжи:

„Еден од најголемите боксери на сите времиња, она што го направи го надмина спортот. Но, има разлика, тој беше столб на нашата заедница. Тој има направено толку многу работи надвор од боксерскиот ринг и мислам дека затоа го издигнуваме во најдобриот боксер на сите времиња“.

Неговиот кодомаќин, Стивен А Смит, дополнително го охрабрил ДК да го објасни својот избор, спомнувајќи ги „Thrilla in Manila“ и „Rumble in the Jungle“, односно победите против Џо Фрејзер и Џорџ Форман.

„Разбирам, но врвот на мојата листа го резервирав за непоразените. Тој не беше непоразен. На второто место е Хабиб Нурмагомедов и имаше 29-0. Начинот на кој го победи Конор Мек Грегор беше неспоредлив, а можеше да го брани појасот онолку пати колку што сакаше“, истакна Даниел Кормиер и додаде:

„А на прво место е Флојд Мејведер – Мани, кој е најголемиот боксер на сите времиња, тој е и најголемиот промотер. Ги победи Канело и Мани Пакијао, сите добија ќотек.

Американската боксерска легенда Мухамед Али беше избран од многу медиуми за најдобар спортист на минатиот век. А Sports Illustrated го вклучи Али на првото место во изборот во 1999 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО