Македонија ќе настапи со тројца борачи на вториот ранкинг турнир на УВВ „Мухамед Мало“ во Тирана, Албанија, од 26 февруари до 2 март.
Боите на Македонија ќе ги бранат:
Фати Вејсели 70 кг
Ахмад Магомедов 79 кг
Магомедгаџи Нуров 97 кг.
Борачите ќе ги води тренерот Абаз Емини.
Речиси 500 борачи ќе настапат на овој турнир, меѓу кои и олимписки и светски шампиони, ќе бидат во Тирана на вториот рејтинг турнир сезонава – „Мухамед Мало“. Ова ќе биде најконкурентниот натпревар за заработка на поени за ранг-листата на УВВ, мало светско првенство!
Иран, Јапонија, Украина, Грузија, Ерменија, Кина, Казахстан, Киргистан и САД ги испраќаат своите најдобри селекции на турнирот.