Македонија со пет натпреварувачи на Европското таеквондо првенство во У-21

Македонија настапува со пет натпреварувачи на Европско таеквондо првенство во У-21 во Тирана, Албанија, кое завршува утре.

Филип Стаменов (-80 кг) стартуваше со победа против второпласираниот на последното јуниорско првенство со прествник од Франција а во втора борба е поразен од репрезентативецот на Грција.

Сања Поповска (-57 кг), голем потенцијал и ново име, победи во првото коло претствничка на Словачка, потоа беше поразена од хрватска натпреварувачка.

Денес настапува Дамјан Трајковски (-87 кг) и се среќава во противник од Шпанија, додека утре на татамито ќе се појават Мила Релјиќ (-62 кг) и Фросина Рајковска (-46 кг).

„Секој од нив е способен да освои медал. Тоа се очекувањата, другото е борба“, вели селекторот Борче Костовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО