Македонија со двајца натпреварувачи на Европското ИТФ таеквондо првенство

Македонската таеквондо репрезентација – ИТФ од  23-30 април ќе учествува на Европското првенство во Талин –Естонија.

Боите на нашата држава ќе ги бранат: Ацо Јосифски, поранешен светски шампион кој ќе се натпревараува  во две дисциплини , во форми за дан ветерани и борби -71  кг ветерани и Филип Јосифоски ќе се настапи во 3 дисциплини , форми црн појас дан  сениори,вборби -64 кг сениори и специјални техники сениори.

„Последните два месеца имавме континуирани подготовки. Дадовме максимум и се надеваме на солидни резултати. Знаеме дека кокуренцијата е огромна, само да напомениме дека едни од најјаките репрезентации во светот учествуваат, како што се Русија, Украина, Бугарија, со  што освоен медал на Европско првенство ветува и медал од Светското. Најмногу се надеваме на Филип во борби и специјални техники, кој досега на многу меѓународни натпревари се покажа одлично, се надеваме дека ќе го даде максимумот  и ќе не израдува со добар пласман“, вели селекторот на репрезентацијата Марјанчо Лазаревски.

Овај викенд во Скопје помладите  натпреварувачи ќе учествувааат на Меѓународен ВТ турнир, на кој ќе настапат неколку дебитанти, кои за првпат ќе го почувствуваат натпреварувачкиот  дух.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО