„Ако сакаш да бидеш лав, мора да тренираш со лавовите“

„Ако сакаш да бидеш лав, мора да тренираш со лавовите“, напиша по вчерашниот тренинг кој го одработи во салата на Кро Кап во загребската Гајница, новопечениот УФЦ-овец Дарко Стошиќ.

Со оваа изјава Стошиќ објави фотографија со легендарниот Мирко Филиповиќ на профилот на Инстаграм.

Овие денови Стошиќ се придружи на одличниот тим што го собра Филиповиќ во Загреб. Освен поранешниот светски боксерски шампион Стипе Дрвиш, кој веќе неколку години е главен тренер на Мирко, тука се и јапонската ММА суперѕвезда Сатоши Ишии и хрватските тешкаши Анте Делија и Саша Милинковиќ.

Сите овие борци се подготвуваат за претстојните испити. Кро Кап на крајот на мај во Лондон го очекува дебито во Белатор. Поранешниот шампион на Прајд ГП на јубилејниот 200-ти настан на промоцијата на Скот Кокер ќе се сретне со стариот ривал од УФЦ кафезот Рој Нелсон.

Стошиќ наскоро го очекува дебито за УФЦ. Србинот потпиша договор со елитната промоција, а во деби, што ќе се одржи на Фајт најт настанот во Хамбург, Германија (22 јули), ќе ги одмери силите со поранешниот шампион на ФФЦ, Џереми Кимбал. Стошиќ ќе се натпреварува во полутешка категорија на УФЦ.

https://www.instagram.com/p/BhuWMeSnTjV/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО