Македонија со 6 кикбоксери на Свесткото првенство во Сараево, Ѓоргиев и Илиоски ќе аткуваат на врвот

Македонија на Светското сениорско првенство во кик бокс во Сараево, Босна и Херцеговина, ќе настапи со шест натпреварувачи. Првенството е во три дисциплини: лајт контакт, лоу кик и К-1, од 22 до 27 октомври.

Боите на Македонија ќе ги бранат Димитар Ѓоргиев (-86 кг, лоу кик), Емир Ибраим (-63,5 кг, лоу кик), Бобан Илиоски (-81 кг, К-1), Роберт Костовски (-71 кг, К-1), Даниел Митров (-57 кг, К-1) и Дарко Најдов (-67 кг, К-1).

Наш најголем  адут е Димитар Ѓоргиев кој во оваа дисциплина е европски првак, а ќе атакува на четвртата светска титула, но за прв пат во лоу кик. Но и Бобан Илиоски не зоастанува, бидејќи секогаш е фаворит за еден од медалите. Секако, и другите наши кикбоксери се подготвени да ги напднат трофеите.

На Светското првенство ќе настапат 754 натпреварувачи  од 58 држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО