Македонија побогата за среброто на Тодор Сутинов и бронзата на Ева Јовановска на Балканското првенство

Денешниот ден на Балканското карате првенство за македонските каратисти заврши со уште два медала – сребрениот на Тодор Сутинов во кати и бронзата на Ева Јовановска во борби.

Во претпладневиот дел сениорите Витомир Трајковски (-84 кг) и Јована Георгиева (-55 кг) се закитија со сребрен и бронзен медал. Бронза освои и ветеранот Перица Ацески во кати.

Јовановска до бронзата стигна со три победи.

Резултати
Тодор Сутинов – сребрен, кати до 10 години
Ева Јовановска – бронза, -40 кг до 11 години

Мила Николова – петто место, +44 кг, 11 години
Матеа Грозданоска – петто место, -35 кг, 12 години
Каја Минговска – седмо место, +44 кг, 11 години
Амра Бафќари – седмо место, -40 кг, 11 години
Саринах Демишиска – седмо место,  -35 кг, 12 години

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON