Димитар Ѓоргиев водеше пеколна борба, но титулата е за Дробњак, Бобан Илиоски го нокаутира во 1. рунда Манојловиќ (ФОТО)

Спектакуларен кик бокс беше виден вечерва во Зворник на петтата Арена фајт најт. Борецот од Босна и Херцеговина, Никола Дробњак по пет пеколни рунди го освои ВАКО Про појасот – европски шампион во дисциплината лоу кик до 81,4 килограми! Македонскиот борец Димитар Ѓорѓиев пружи феноменална борба, но на крајот мораше да се ракува со домаќинот. Загуби со судиска одлука.

Вториот наш претставник Бобан Илиоски извојува победа со нокаут во првата рунда против Хравтот Борна Манојловиќ во К-1 до 83 килограми.

„Боби, како и секогаш, тргна офанзивно правејќи му пресија на противникот, на што не можеше да му парира на Илиоски. Не ги издржа ножните удари кои му ги зададе Боби, па борбата беше прекината. А Диме како да работеше со 70 отсто од силата. Беше толерантен, попустлив, не покажа офанзива, работеше умерено, како да сакаше само да ја изработи борбата. Можеби е тоа последица на паузата поради болеста што имаше и пиеше лекарства. Но, како и да е, борбата ја загуби на поени. Можно е да направиме реванш во наша организација во Македонија. Но, за тоа ни се потребни финансии и поддршка од нашите институции, па за тоа дополнително ќе ја известиме јавноста“, вели претседателот на Кик бокс маи таи федерацијата на Македонија и селектор на репрезентацијата Дејан Митровски – Урко.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО