Димитар Ѓоргиев: Никола, те чекам на реванш во Скопје!

Најдобриот македонски кик-боксер Димитар Ѓорѓиев вечерва загуби од Никола Дробњак од Босна и Херцеговина во борбата за европска титула во ВАКО Про до 81,4 килограми на настанот во Зворник.

Ѓоргиев борбата ја загуби со судиска одлука по пет пеколни рунди 0-3. Па

По борбата нашиот кик-боксер изјави дека ова беше одличен меч и го чека неговиот противник на реванш во Скопје.

„Беше одлична борба. Мило ми е што дојдов тука во Зворник. Поздрав до сите што ме поддржуваат. Честитки до Никола за европската титула и го чекаме на реванш во Скопје“, вели Ѓорѓиев.

Слично размислува и селекторот Дејан Митровски – Урко, но бара поддршка од институциите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО