ВБЦ нареди средба Калум Смит – Метју Бодерлик во полутешка категорија

Ново движење во полутешка категорија. ВБЦ им нареди на Калум Смит и Метју Бодерлик да се соочат за да номинираат предизвикувач за титулата. Победникот од мечот ќе се сретне со подобриот од мечот меѓу Артур Бетербиев и Џо Смит Јуниор. Средбата ќе биде во рамките на вечерта на реваншот меѓу Ентони Џошуа и Александар Усик во Саудиска Арабија.

За Калум Смит ова ќе биде втор меч во категоријата, кој во дебитантскиот меч во дивизијата страшно го нокаутира Ленин Кастиљо. Потоа повторно се бореше на подкартичката на Еј Џеј и Усик на Вембли. Смит има актив од 28 победи и само еден пораз – од Канело Алварез во супер средина.

Метју Бодерлик во професионалниот ринг забележа 21 победа и еден пораз. Французинот е бронзен медалист на Олимписките игри во Рио 2016 година.

Што се однесува до мечот меѓу Бетербиев и Џо Смит, веројатно победникот ќе го предизвика Дмитри Бивол за меч кој ќе го даде неприкосновениот шампион во полутешка категорија, за што ќе биде потребно одложување на задолжителната одбрана.

Допрва треба да дознаеме како ќе се одвиваат настаните, но сигурно е дека во полутешка категорија ќе имаме многу интересни моменти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО