Македонија ќе настапи со 20 кикбоксери на „Кик бокс Гранд при БиХ“

Македонија ќе настапи со 20 натпреварувачи од 6 клубови на Меѓународниот кик бокс куп „Кик бокс Гранд при БиХ“ што се одржува утре во Илиџа кај Сараево во арената на хотелот Хилс. Во нашата експедиција се уште 6 тренери и 1 судија.

Натпреварувачи по клубови:

1.Шампион – 7 натпреварувачи

2.Гладијатор- Скопје – 4 натпреварувачи

3.Куманово 2006 – 3 натпреварувачи

4.Тетово – 4 натпреварувачи

5.Ас – 1 натпреварувач

6.Гладијатор – Штип – 1 натпреварувач

На турнирот ќе има 354 натпреварувачи (454 натпреварувачи позиции) од 5 земји (Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Србија) од 59 клуба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО