Македонија е прва во слободен стил, втора во грчко-римски на Балканот (ФОТО/ВИДЕО)

Македонската репрезентација го освои златниот медал во слободен стил во екипна конкуренција, а сребрениот во грчко-римски стил во пионерска конкуренција на Балканското првенство за деца и кадети во Мурска Собота во Словенија.

Во финалните средби противник ни беше репрезентацијата на Србија. ВИДЕО.

Штипјанецот Ненад Панов се бореше како кој знае колку години да е на душекот. Го победи својот противник Перовиќ со технички туш- 14-4. Стефан Штерјов, кој освои сребрен медал во поединечна конкуренција, можше да го изнанади својот противник, но во втората рунда беше невнимателен. Скопјанецот Аид Салихаси , кој беше златен ,во поединечна конкуренција, го победи Фротини со 9-7 на поени, во една интересна и квалитетна борба. Следуваше средбата меѓу Абази од Македонија и Грујиќ од Србија, која одлучуваше за победникот. Имаше многу атрактивни потези. Првата рунда заврши 11-11. Во втората рудна , скопјанецот доминираше, но судиите подлегнаа на притисоците, откако Абази мина во водство од 16-13. Имаше доста прекини. Судиите не му доделија -5-6 поени на Абази и тој наместо да победи, загуби со 17-16, на поени, незаслужено. Во оваа средба, но и во останатите, од детските грла на македонските борачи, во хор , салата во Мурска Субота, ечеше „Македонија, Македонија…“ – се бодреа децата од Македонија. За својот однос, другарството, сите заслужуваат пофалби, како и нивните учители .

Во грчко римски стил Србија победи со 5-2, а во слободен Македонија со 7-1. Лесни победи извојуваа Филит Тасев, Бекировски, Хајдари, Рустеми…
Децата од Македонија покажаа дека имаат знаење и во грчко римски стил. Треба да се направи обид и овој стил да биде негуван, особено од талентите.
 

https://youtu.be/oqdtWNgyQhY

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО