Mакедонија доби четири норми во таеквондо за Eвропските игри во Краков

Mакедонија добива четири таеквондо норми за Eвропските игри во Краков, Полска, во јуни 2023 година

Норми за Европските игри или, како што уште се нарекуваат Европски Олимписки игри, обезебдија Дејан Георгиевски, Филип Додевски и Анамарија Георгивска – сите од ТК Бутел и Милијана Релиќ од ТК Тигри.

„Заради високите ранкинзи на светските ранг листи на наведените наши спортисти, македонското таеквондо доби четири олимписки норми за престојните Европски Олимписки игри во Полска“, пишува во објава на Фејсбук тренерот на репрезентацијата Дарко Костовски и нагласува:

„Со ова уште еднаш македонското таеквондо цврсто се етаблира како најуспешен олимписки спорт во Македонија, додека тренерот д-р Борче Костовски како тренер кој континуирано пишува државна спортска историја.

Во Полска на ЕОИ секако одиме на медали“!

На првите Европски игри во Баку, Азербејџан, во 2015 година каратистите Емил Павлов и Мартин Несторовски освоија бронзени медали. Додека на вторите ЕИ во Минск, Белорусија, 2019 година, останавме без одличја, иако Павлов и Могамедгаџи Нуров беа блиску до бронзите. Нуров ја загуби бронзата на три секунди до крајот.

Во Полска ќе имаме повеќе спортисти кои ќе можат да се вмешаат во борбата за медали, предводени од олимпискиот вицешампион Дејан Георгиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО