Македонија е балкаснки шампион во екипна конкуренција на Балканското првенство за деца и кадети во Мурско Собота во Словенија. Макеоднските борачи освоија 2 златни, 3 србрени и 3 борнзени медали.
Златните медали ги освоија Аид Салихаси и Бесар Амети, сребрени за Стефан Штерјов, Филип Тасев и Арбен Абази, Ненад Панов, Мухамед Исмани и Бесир Алили се закитија со бронзи.
Македонија е прва со 77 поени пред Романија со 76, а трета е Бугарија 64.
„Сите заедно вечерва во Мурска Собота во Словенија испишавме нова страница во историја на македонското борење. Пионерската екипа на Македонија за прв пат е прогласена Балкански шампион во екипна конкуренција. Сите сме презадоволни, воедно и горди ова што се случи, за прв пат под наше раководство. Ова ќе биде исто така морал плус сите заедно да продолжиме да работиме уште посилно, се со цел да стигнеме до уште поголеми успеси“, напиша претседателот на ФБСМ на својот ФБ профил, Бетим Вренези.
Ipon.mk/В.Д.