Поранешниот шампион на ВБО во тешка категорија Џозеф Паркер конечно се врати во рингот минатата сабота во Тексас, кога го нокаутира Шоундел Винтерс во загревачкиот на меч меѓу Мајки Гарсија и Џеси Варгас.
Откако мечот заврши, Паркер изрази желба да се сретне со топ предизвикувач.
Друг боксер во првите десет што бара голема борба е Мајкл Хантер. Тој последен пат се бореше во декември, кога борбата со Александар Поветкин заврши нерешено.
Хантер е подготвен да го прифати предизвикот на Паркер за двобој, а неговиот тим верува дека Новозеландецот ќе биде нокаутиран.
„Паркер е лесен противник за нас“, рече менаџерот на Хантер, Мартин Миколајчак и додаде: „Тој е бавен со нозете, а кардиото му е ужасно. Мајкл дефинитивно би го нокаутирал“.