Мајкл Чендлер: Во 9 од 10 борби би го победил Чарлс Оливеира

Мајкл Чендлер (23-9) даде изненадувачки коментар неколку недели по поразот од Чарлс Оливеира (35-10) на УФЦ 309, велејќи дека е способен да го победи Бразилецот 9 од 10 пати, и покрај тоа што бил целосно доминиран од него во предметната средба.

„Не сум задоволен од мојот настап. Би си дал 2 од 10. Не можам ни да почнам да искажувам колку беше ужасен овој настап или сплетот на околностите по првиот круг во споредба со мојот план. За што сум способен. Можам да го победам Чарлс Оливеира 9 пати од 10. Очигледно загубив двапати од него и тоа е 2 од 2. Имам 100 % порази од Чарлс Оливеира. Затоа разбирам зошто луѓето би биле изненадени од моите зборови. Едноставно сум многу разочаран од мојот настап“, коментира „Железниот“ за Ариел Хелвани.

Неговите зборови доаѓаат во време на зголемени повици за негово пензионирање. Џон Мекарти дури ја изрази својата загриженост дека Чендлер тргна по патот на Тони Фергусон, а сега сите знаеме како изгледа легендарниот борец и во каква страшна серија на порази е.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО