Чисора ќе се соочи со Швеѓанец кој за малку ќе го нокаутираше Тајсон Фјури

Дерек Чисора (35-13) официјално ќе се врати во боксерскиот ринг, како што вети уште во февруари. Ќе се соочи со Ото Валин (27-2).

Нивниот меч ќе се одржи во Манчестер на 8 февруари за галата насловена „Последниот танц“. Ова значи дека еден од двајцата може последен пат да влезе во рингот.

„Војната“ сигурно доби самодоверба во изминатите неколку години, постигнувајќи победи над Кубрат Пулев (31-3), Џералд Вашингтон (20-6-1) и Џо Џојс (16-3).

Свои аргументи има и Швеѓанецот. Во 2019 година за малку ќе го нокаутираше Тајсон Фјури (34-1-1), отворајќи му огромна повреда во лицето на „Џипси Кинг“. Сепак, тогаш загуби со одлука, но повторно отиде во победничка серија од 6 борби додека минатиот декември не се сретна со Ентони Џошуа (28-4), кога беше запрен по 5 рунди. На почетокот на оваа година се врати со нокаут за помалку од една минута против Хонориоде Евариеме (20-5) во Атлантик Сити.

Настанот ќе ни го понуди и мечот меѓу Џек Раферти (24:0) и Кејн Гарднер (17-3) за титулата во британската суперлесна категорија и ВБЦ Интерконтинентал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО