Мајкл Чендлер сака да се бори за шампионскиот појас против Ислам Махачев

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија Чарлс Оливеира би требало да добие шанса да го врати појасот на следниот натпревар.

Имено, во пресрет на последниот настап против Џастин Гејџи Бразилецот остана без појасот, бидејќи на официјалното мерење беше 200 грама потежок од дозволената граница.

Оливеира го победи Американецот (тоа му беше 11-ти триумф во низа), а од претседателот на УФЦ Дана Вајт доби ветување дека веднаш ќе добие нова шанса да си ја врати титулата.

Бронкс извесно време изразуваше желба да се бори со Конор Мек Грегор, кој се уште се опоравува од повредата, но неодамна се предомисли и остави на промоцијата да му најде противник.

Еден од можните кандидати е Ислам Махачев.

Но, деновиве се јави Мајкл Чендлер и побара борба против Дагестанецот.

„Чарлс, одработи го тоа што треба. Почекај го Конор да се врати и да се бориш со него, го заслужуваш тој меч. Имаш одлична победничка серија, ги разнесе сите. Зошто не правиш пауза?“, предложи Мајкл Чендлер, а потоа продолжи:

„Категоријата ќе ја држам активна и ќе се борам против Ислам. Ќе се бориме за титулата. А ти кога ќе ја направите супер борбата против Конор, врати се во категоријата. Се гледаме на врвот“.

Ислам Махачев му одговори на Мајкл на Твитер:

„Лесни пари… Освојувањето на титулата е мојата цел и не е важно против кого. Ајде да одиме, Чендлер“.

И Мајкл Чендлер одлично се забавува. Имено, неодамна учествуваше во телевизиското шоу „The Masked Singer“ во кое го отпеа светскиот хит на Бритни Спирс – „Baby one more time“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО